Свет 03. јануари 2021. / 09:04

Израел вакцинираше над 1 милион луѓе против ковид-19

Израел вакцинираше над 1 милион луѓе против ковид-19

Израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн откри во неделата дека 1.090.000 луѓе низ целата земја досега примиле вакцина против коронавирусот.

-Ова е извонредно достигнување благодарение на нашиот медицински персонал. Благодарение на вас, ние сме први во светот во обезбедувањето вакцини!, напиша Еделштајн на твитер.

До крајот на 2020 година, Израел вакцинираше над 7% од 9,2 милиони жители, што претставува најголем број вакцинации по глава на жител во светот.

Премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху тврди дека Израел може да биде првата земја во светот што ја победи пандемијата благодарение на „комбинацијата на прекрасната кампања за вакцинирање од една страна и краткото и брзо заклучување“.