Војската на Израел објави видео снимка од ракетен напад врз противвоздушен ракетен систем “Панцир-С1” во Сирија.
Видеото е снимено преку камера, прикачена на ракетата “Спајк НЛОС”, пренесува Спутник.
Снимката е објавена, по заострениот судир на релација Израел-Иран, откако иранските сили од Сирија испалиле ракети кон израелските позиции на Голанската висорамнина.
-Тоа е црвена линија. Ја поминавте, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, а израелската војска потоа удри по иранските цели во Сирија.
Во најновата снимка се гледа како ракетата се приближува и го уништува иранскиот антиракетен систем “Панцир-С1”, до кој стојат и војници.
Овој систем е руско производство и станува збор за систем со среден домет, направен за уништување на ракети земја-воздух.