Свет 22. јануари 2021. / 19:07

Израел соборил либански дрон

Израел соборил либански дрон

Израелската армија денеска соопшти дека соборила беспилотно летало што влегло во израелскиот воздушен простор од Либан.

Во соопштението се додава дека израелската армија ќе продолжи да го брани суверенитетот на земјата.

– Израелските одбранбени сили го следеа летот на дронот за време на инцидентот, се вели во соопштението.

Летовите со беспилотни летала над израелско-либанската граница се чести поради конфликтот меѓу Израел и либанската група Хезболах.