Свет 22. јануари 2021. / 13:50

Израел се први во светот според брзината на вакцинирање

Израел се први во светот според брзината на вакцинирање
epa08895084 A medical staff of the Shaare Zedek Medical Center receives a dose of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine at Shaare Zedek Medical Center in Jerusalem, Israel, 20 December 2020. Israel begins a nationwide COVID-19 vaccination campaign as hundreds of thousands of vaccines are delivered to hospitals across the country. First, the medical staff will be vaccinated and then people from high potential risk groups and the elderly population. Authorities hope to vaccinate as many people as possible. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел досега против ковид-19 вакцинираше убедливо најголем процент од својата популација меѓу сите земји во светот и во само еден ден се вакцинирани рекордни 224.000 луѓе, напиша во петокот министерката за здравство Јули Еделстајн на Твитер.

Со тој број на вакцинирани во четвртокот, вкупниот број на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцината изнесува 2.4 милиони, а двете дози ги примиле 850.000.

Израел ја започна својата кампања за вакцинација на 19 декември и напредува со невидено темпо. За споредба, во Германија – земја со девет пати поголема популација – првата доза на вакцината ја примиле 1.3 милиони луѓе, а само 78.000 ја примиле и втората доза потребна за целосна имунизација.

Израелската влада рано нарачала доволен број дози на вакцината и склучила договор со производителот на вакцини Фајзер за да обезбеди медицински податоци за возврат.

Експертите исто така веруваат дека силниот и високо дигитализиран систем на јавното здравство придонесува за успехот на кампањата за вакцинирање.

Израел во моментов се бори со трет бран на заразата, а карантинот во земјата е во сила до крајот на јануари.

На луѓето им е дозволено да се оддалечат најмногу еден километар од своите домови. Во петокот се пријавени 7.099 новоинфицирани лица.

Постојат голем број на заразени лица во ултраортодоксните заедници, каде што големи семејства често живеат во мали населби и им пркосат на владините правила, наместо тоа ги следат упатствата на нивните духовни водачи. Многу ултраортодоксни верници одбиваат вакцинација.

Според податоците на интернет страницата „Нашиот свет во податоци“, по Израел, кој најмалку со една доза вакцинирал 38 проценти од својата популација, следат Обединетите Арапски Емирати со 22,7 проценти, Бахреин со 8,5 проценти, Велика Британија со 8 проценти и САД со 5,3 проценти.