Израелската армија пресретнала ракета истрелана од палестинските екстремисти од Појасот Газа.
Како што соопштија од армијата, ракетниот одбранбен систем ја соборил ракетата над градот Сдерот во јужен Израел.
Нема информации за евентуални жртви, а оштетено е едно возило.
Овој ракетен напад од Појасот Газа е прв за речиси еден месец.