Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел жестоко ќе одговори на секој напад и порача дека стои цврсто со САД, како и дека го поддржува атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
– Кој ќе се обиде да нè нападне, ќе добие најсилен удар – порача Нетанјаху во Ерусалим.
Нетанјаху рече дека Израел силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека треба да му се честита за донесената брза, смела и одлучна одлука во врска со Иран.
Иран претходно се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак.
– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде бомбардирана – соопшти Иранската национална гарда.