Израел ќе ги одржи своите четврти избори во рок од две години откако владата предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху не го испочитува крајниот рок за буџетот.
Израелскиот парламент, Кнесетот, автоматски се распушти на 23 декември, откако не успеа да го исполни рокот до полноќ на 22 декември за буџетот. Изборите ќе се одржат во март.
Нетанјаху, на кој му се суди за корупција, и неговиот ривал Бени Ганц, меѓусебно се обвинија за падот на владата.
По три неубедливи избори од април 2019 година, десничарскиот Ликуд на Нетанјаху, и центристите на Ганц, во мај формираа влада на единство за да одговорат на невидената здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.