Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, во интервју за италијанскиот весник „Кориера дела сера“, истакна дека Израел е подготвен да го бомбардира Иран ако тоа биде неопходно за да го спречи да произведе нуклеарно оружје.
– Дали бомбардирањето на Иран е солуција, која се разгледува од Израел? Да, има таква можност. Нема да дозволиме Иран да произведе или да набави од друго место нуклеарно оружје. Ако тоа е последниот можен начин да спречиме таква активност, тогаш ќе дејствуваме со воени средства – истакна Кац.
Шефот на израелската дипломатија, во интервјуто упати критики кон европските земји затоа што ја поддржуваат тврдата позиција на САД, под раководство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја повлече земјата од иранскиот нуклеарен договор постигнат во 2015 година.
– Се додека Иранците се во заблуда дека ја имаат поддршката од Европа, дотогаш ќе биде тешко тие да се повлечат – смета Кац.
За време на надворешнополитичката конференција во Рим, израелскиот министер истакна дека е крајно време западните и арапските земји да формираат коалиција, којашто ќе му се закани на Иран и ќе го принуди да ја прекине својата нуклеарна програма.