Израелските власти официјално почнаа вакцинација против Ковид-19 на Палестинци кои имаат дозвола за работа за населбите во Израел и Западниот брег.
За оваа намена се поставени станици за вакцинација на повеќе контролни пунктови.
– Мерката е во наш заеднички здравствен и економски интерес, бидејќи живееме во единствен епидемиолошки регион, рече шефот на Координаторот на владините активности на териториите (ЦОГАТ), генерал-мајор Камил Абу Рукун.
Околу 100.000 Палестинци имаат работни дозволи за Израел. Многу од нив работат во градежништвото. Оние кои се подготвени да бидат вакцинирани можат да закажат термин преку нивните израелски работодавци.
На Западниот брег живеат околу четири милиони луѓе. Во областа досега имаше многу малку вакцинација, а нарачаните вакцини сè уште не стигнале.
Распределбата на првите дози на вакцини од страна на Палестинските власти (ПА) на фудбалери и министри, меѓу другите, предизвика гнев во јавноста.
Во Израел прва доза од вакцината досега примиле околу пет милиони луѓе, а околу 3,8 милиони ја примиле и втората доза од вакцината.