Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека од денеска земјата може да почне со ублажување на ограничувањата воведени во борбата против корона вирусот.
Нетанјаху порача дека е можно „одговорно и постепено“ олеснување на ограничувањата поради релативно добрите резултати што Израел ги имал во борбата против корона вирусот во споредба со другите развиени земји.
Имаме една од најниските стапки на смртност. Тоа и дозволува на државата да преземе чекори за да ги олесни мерките – соопшти израелскиот премиер.
Олеснувањето главно ќе влијае на ИТ компаниите и електронската индустрија. Вработените на возраст над над 67 години и оние со хронични заболувања се уште се повикуваат да останат дома.
Наместо претходните 15 проценти, максималниот број на вработени на кои ќе им биде дозволено да бидат распоредени на одредени работни места ќе се зголеми на 30 проценти, подложни на строги правила за хигиена. Сепак, луѓето се уште се охрабруваат да работат од дома колку што е можно повеќе.
Спортот на отворено сега може да го практикуваат најмногу две лица, но оддалечени само 500 метри од дома. До 10 луѓе можат да се молат заедно на отворено, но мора да има оддалеченост од најмалку два метра меѓу нив. Заштитните маски остануваат задолжителни.
Нетанјаху изјави дека во рок од две недели ќе се одлучи дали мерките ќе бидат дополнително олеснети.
Ако дојде до нова експлозија на корона вирусот, ќе треба повторно да ги заостриме мерките – предупреди Нетанјаху.
Според Министерството за здравство, со корона вирус во земјата се заразени 13.265 луѓе, од кои 3.456 се излечени. Во земјата има 164 смртни случаи.