Свет 09. мај 2018. / 10:47

Израел може да го ликвидира Асад доколку Иран ја употреби територијата на Сирија за воени напади

Израел може да го ликвидира Асад доколку Иран ја употреби територијата на Сирија за воени напади

Израелскиот министер за енергетика рече дека Израел досега не се мешал во сириската граѓанска војна…

Израел може да го ликвидира сирискиот претседател Башар Асад и да ја собори неговата влада, доколку Иран ја употреби територијата на Сирија за да изврши напад врз еврејската држава.

Израелскиот министер за енергетика рече дека Израел досега не се мешал во сириската граѓанска војна. Додаде дека ако Асад му дозволи на Иран да ја претвори Сирија во воена база против Израел, треба да знае дека тоа ќе му биде крајот.