Израел соопшти дека ќе им дозволи на христијаните од Појасот Газа да патуваат за Ерусалим и Западниот брег за време на Божик. Се досега не беше познато дали Израел ќе издаде дозволи за припадниците на малубројната христијанска заедница да ја напуштат територијата што е под контрола на Хамас.
КОГАТ, тело на израелското Министерство за одбрана задолжено за пелестинските цивилни прашања, објави дека дозволите ќе бидат издавани во согласност со безбедносната проценка и без разлика на годините.
Ова тело претходно најави дека Израел се уште не одлучило дали ќе издава групни дозволи и ќе разгледува индивидуални барања, како и да дозволува 100 христијани од Појасот Газа да отпатуваат во странство.
Претходните години Израел издаваше дозволи за патувања на голем број христијани од Појасот Газа за да ги посетат верските места и заеднички да минат време со семејствата во Израел и Западниот брег.
Во Појасот Газа живеат околу 1.000 христијани, а меѓу нив повеќето се грчки православни христијани, додека католиците сочинуваат околу една четвртина од оваа малубројна заедница