Израел сака Обединетите Нации да ги признаат за бегалци стотици илјади Евреи кои ги напуштиле арапските и другите муслимански земји во минатиот век, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон.
Генералното собрание на ОН соопшти дека планира да предложи резолуција за „заборавените“ еврејски бегалци за да се спротивстави на она што Израел го гледа како едностран фокус на палестинските бегалци.
– Ние не ја слушаме меѓународната заедница како зборува за нив (израелски бегалци) кога разговара за бегалци од конфликт, можеби затоа што тоа не му одговара на палестинскиот наратив – порача Данон.
Тој не ја опиша детално планираната резолуција, освен дека на тој начин ќе се признае неправдата што ја претрпеле Евреите и таа неправда ќе биде исправена.