Свет 17. август 2019. / 20:01

Израел изврши два воздушни напади врз Појасот Газа

Израел изврши два воздушни напади врз Појасот Газа

Израелски борбени авиони утрово извеле два воздушни напади врз Појасот Газа , откако беа лансирани ракети од палестинска територија.

Од израелската војска наведуваат дека цел на нападот биле две структури кои припаѓаат на палестинската група Хамас.

Нападот е изведен како одговор на ракетите кои беа лансирани од Газа, велат од израелската војска.

За сега нема известувања за тоа дали има повредени од овие инциденти.