Само 48 часа откако либанскиот претседател Мишел Аун издаде предупредување за нарушување на либанскиот воздушен простор за да се бомбардира друга земја, изрелските авиони имале неколку прелети преку таа земја.
Израелското воено воздухопловство наредило неколку борбени авиони да полетаат и да прелетаат долж јужен и источен Либан, односно долж сириската граница, по што тамошните власти стравувале дека речиси сигурно ќе има воздушни напади.
Како резултат на тоа, сирените се огласиле во неколку либански и сириски градови, по што настанала паника меѓу локалното население и гнев кај либанските власти.
Иако тоа било сосема вообичаено во минатото, со најновите летови израелското воено воздухопловство го наруши либанскиот воздушен простор, за прв пат откако беше бомбардирана сириската воена база Т-4 во понеделникот, при што загинаа 14 сириски и про-ирански војници.
Иако Израел не потврди дека токму израелските авиони го извеле нападот на сириската воздушна база во близина на Хомс, речиси сигурно е дека израелската авијација стоела зад големата операција во која биле лансирани осум ракети на базата Т-4.
Најновите прелети во близина на границата доаѓаат во моментите кога очите на целиот свет се вперени во Сирија во исчекување САД и сојузниците да започнат напад на позициите на сириската армија како одмазда поради хемискиот напад во Дума за кој што тврдат дека го има изведено режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.