Израелската војска го уништи најголемиот тунел, ископан од милитантите, кој стигна до Израел од појасот Газа, пренесува ББС.
Министерот за одбрана, Авигдор Либерман, истакна дека тоа е најдолгиот и најдлабокиот тунел што Израел го има откриено.
Тунелот е ископан за време на војната во Газа 2014 година, кога Израел уништи повеќе од 30 тунели, наменети за напади.
Според информациите тунелот е ископан од страна на Хамас и започнува од областа Џабалија во северниот дел на појасот. Тунелот пробил неколку метри во територијата на Израел во насока на Нахал Оз, но сеуште немал излез.