Свет 14. мај 2018. / 13:57

Израел го прогласи Трамп за „Черчил на 21. век”

Израел го прогласи Трамп за „Черчил на 21. век”

Израелската министерка за правда Ајелет Шакед, изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп е „Черчил на 21. век”, поради префрлувањето на американската амбасада во Ерусалим.

Таа кажа дека со овој потег, Трамп „ја изменил Чемберленовата политика на капитулација” и покажал на светот дека „земјопоседникот се вратил”.

Претходните американски претседатели од двете партии, како и другите држави, се воздржувале од отворање на амбасади во Ерусалим, наведувајќи дека конечниот статус на градот треба прво да биде решен низ израелско-палестински преговори.

Шакед изјави дека игнорирањето на засилените нацистички движења денес значи затворање очи на засилувањето на Иран, пренесува АП.

Израелците го фалат Трамп, додека Палестинците го осудуваат, бидејќи ја преместил амбасадата во Ерусалим.

Палестинците бараат источниот дел од градот да биде нивна престолнина и наведуваат дека со овој потег се покажа дека САД не е непристрасен судија.