Свет 13. септември 2018. / 16:00

Израел демантира дека продавал проектили на Саудијска Арабија

Израел демантира дека продавал проектили на Саудијска Арабија

Израелските безбедносни власти жестоко ги демантираа извештаите дека Саудиска Арабија, наводно, ги купила системите за противракетна одбрана „железна купола“ од еврејската држава, пренесува „Хаарец“.

Нивниот демант дојде на веб-порталот од Емиратите „Ал-Калиџ онлајн“ биле цитирани дипломатски извори кои велат дека договорот за продажба, кој се проценува на десетици милиони долари, треба да на сила во декември, системите „железна купола” ќе бидат распоредени на јужниот дел на Саудиска Арабија на границата со Јемен.

Саудиските власти одбија да ја потврдат продажбата, која, како што тврдат изворите, наводно ги рефлектирале затоплените односи меѓу Израел и Саудиска Арабија. Според „Ал-Калиџ“, договорот за кој, наводно, посредувале САД, предвидува понатамошни планови за постигнување договор за целосна разузнавачко-воена соработка меѓу Ријад и Израел.

Претходно, израелскиот весник „Маарив“ во јуни објави дека саудискиот принц Салман и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржале тајни разговори во главниот град на Јордан Аман.

Во ноември 2017 година, Нетанјаху призна дека и покрај тоа што нема дипломатски односи со Ријад, Тел Авив развил контакти со Саудиска Арабија, за кои рече дека се чуваат во тајност.