Вкупно 141 луѓе коишто биле излекувани од корона вирус, на дополнителни тестови повторно биле позитивни, објави јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Заменик директорот на Центарот, Квон Jон-Вок изјави дека агенцијата не знае која е причината зошто луѓето повторно се позитивни на тестовите и оти експертите спроведуваат истражувања.
Повеќе експерти сметаат дека е малку веројатно некој повторно да се зарази откако бил излекуван од корона вирусот.
Квон изјави дека владата испитува примероци од пациенти за да утврди дали овие случаи можат да бидат заразни. Квон рече дека за студијата се потребни две недели.
Нашите вработени деноноќно работат за да соберат примероци и да спроведат студии – изјави Квон.