Свет 29. јануари 2021. / 08:57

Изгоре ковид-болница во Романија – најмалку четворица загинати

Изгоре ковид-болница во Романија – најмалку четворица загинати

Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово.

Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата.

Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат.

Полицијата се уште не ги соопшти причините за пожарот.

Во ноември загинаа десетина лица во пожар што зафати болница на северот на Романија каде сбеа сместени пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.