Свет 30. октомври 2019. / 09:42

Издавачот на ,,Хари Потер” жртва на трговската војна меѓу САД и Кина – Поскапеа книгите

Издавачот на ,,Хари Потер” жртва на трговската војна меѓу САД и Кина – Поскапеа книгите

Издавачот „Блумсбери паблишинг“ стана жртва на трговската војна меѓу САД и Кина, па така книгите за Хари Потер поскапеа во САД затоа што се печатат во Кина.

Извршниот директор на издавачката куќа, Најџел Њутн, за Би-би-си вели дека книгите за Хари Потер кои се печатат во Кина, а се наменети за пазарот во САД преку ноќ поскапеа ца 15 отсто уште на почетокот на септември.

Тоа не е трошок што го предвидовме и се надевам дека оваа криза брзо ќе помине – изјави извршниот директор на издавачката куќа.

Појаснува дека во Кина се печатат и некои илустрирани книги затоа што таму „квалитетот е добар, а цената ниска“.

Компанијата очекува дека со зголемувањето на даноците ќе имаат само мало влијание на финансиската година и наведува дека се подготвени на повеќе начини да го ублажат влијанието во иднина.

Тарифите порано беа воведени за производи како автомобили, храна и облека, но никој не веруваше дека ќе ги погодат и книгите.