Свет 07. ноември 2018. / 16:44

Избори во САД: Демократите фаворизираа кандидати според расна, полова и верска припадност, а не според квалитети

Избори во САД: Демократите фаворизираа кандидати според расна, полова и верска припадност, а не според квалитети

Од две домородни жени и сомалиски бегалец, до првиот отворено геј маж кој е избран за гувернер, изборите за Конгресот и Сенатот во САД донесоа серија гласови кои претставуваат големи постигнувања за специјално одбрани групи: жени, ЛГБТ-кандидатите, припадници на различни конфесии, итн.

Изборите донесоа рекорден број жени во Претставничкиот Дом, кои се избрани само поради тоа што се жени. Според демократите, најважно е што 116 жени ќе влезат во Конгресот, што е нов рекорд бидејќи претходно биле 107 жени, а не како тие жени ќе работат и каков резултат ќе покажат.

Демократите Шарис Дејвидс и Деб Халенд ќе станат први жени со домородно (индијанско) потекло кои се избрани во Конгресот, и за нив се знае само за нивнот етничко потекло, не се знае ништо за нивните квалитети. Дејвидс исто така се идентификува како лезбијка, што ја прави прв отворен ЛГБТ-кандидат во Конгресот кој доаѓа од Канзас.

Демократките од Мичиген и Минесота, Рашида Тлааиб и Илхан Омар, стануваат први жени муслиманки кои се избрани во Конгресот, и тоа е единствената квалификација која ја носат овие кандидати, не се спомнува ништо за нивните способности, искуства, претходни резултати.

Победите за двете беа очекувани откако тие и лани победија на прелиминарните избори. Омар освен што е прва жена муслиманка е исто така и сомалиска Американка и има дојдено во земјата пред две децении како бегалка.

Џаред Полис од Колорадо стана првиот отворено геј маж избран за гувернер од оваа земја. За првпат беа избрани женски сенатори во земјите како Тенеси и Аризона, додека Тексас ја прати првата латиноамериканска жена во Конгресот, а Јужна Дакота ја избра првата жена гувернер. Повторно се ова групни идентитети, а не квалитети кои кандидатите треба да ги поседуваат на индивидуален план.

Очекувана победа во Њујорк освои и популарната Александра Окасио Кортез, која стана најмладиот член избран во Конгресот во историјата на САД. Таа има 29 години и за првпат е избран некој во конгресот во неговите дваесетти. Окасио Кортез, која доби поддршка и од Берни Сандерс, се идентификува себеси како демократски социјалист, што исто така се смета за дополнително вртење кон лево кај младите избирачи на Демократската партија во САД.