Авион на Air Canada за малку ќе удрел во четири авиони на аеродромот во Сан Франциско.
Инцидентот се случил во 2017 година, но дури сега видеото е пуштено во јавност.
На видеото се гледа како авионот се спушта кон другите авиони кои чекаат дозвола за полетување.
Според Националниот одбор за безбедност во транспортот, авионот на Air Canada добил дозвола за слетување на аеродромот во Сан Франциско, но настанала грешка и наместо на пистата, авионот со 140 патници бил насочен да слета на паралелната писта која се користи за таксирање.
На пилотите им било одобрено да слетаат на пистата, но авионот бил позициониран да слета паралелно со пистата. За среќа пилотите, на 18 метри над земјата, го дигнале авионот во воздух и избегната е огромна трагедија.
Според истрагата се работи за техничка грешка.