Свет 18. April 2019. / 11:48

Иванка Трамп нема да работи во Светска банка

Иванка Трамп нема да работи во Светска банка

Иванка Трамп, виш советник на нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, одби да работи во Светска банка, бидејќи е задоволна од актуелната улога што ја има во администрацијата.

Доналд Трамп неодамна изјави за магазинот „Атлантик“ дека на својата ќерка ѝ понудил работа во Светската банка бидејќи, како што рече, „е добра со бројки”, објави АП.

Иванка беше ангажирана во процесот на избор на кандидат за претседател на Светската банка, за кој беше избран Дејвид Малпас, и за кого оцени дека ќе „направи добра работа”.

Запрашана дали има намера да се кандидира за претседател на САД, таа рече дека во иднина не се гледа себеси во таа позиција.

Во моментов се наоѓа во Африка за да промовира иницијатива за глобален развој и просперитет на жените.