Свет 25. јули 2018. / 10:57

Иванка Трамп дели откази

Иванка Трамп дели откази

Ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп, изјави дека ќе ја затвори својата компанија која се занимава со производство на фустани, чевли и женски чанти, и сите вработени ќе бидат отпуштени.

„Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно поскоро, откако вработените ќе бидат информирани дека ќе бидат отпуштени.

Како што вели Иванка Трамп, компанијата ја затвора со цел да се фокусира повеќе на својата работа како советник во Белата куќа.

Сепак, АП потсети дека таа е силно критикувана поради тоа што вработувала работници во Кина и поради лошите услови во фабриките таму.