Свет 01. август 2018. / 14:26

Итна финансиска помош за Шпанија поради бранот на мигранти

Итна финансиска помош за Шпанија поради бранот на мигранти

Европската комисија наредниве денови ќе испрати итна финансиска помош за Шпанија во износ од неколку десетици милиони евра.

Помошта ќе биде испратена со цел земјата подобро да се справи со приливот на мигранти кои од Мароко доаѓаат на нејзиното крајбрежје, изјавија извори блиски до ЕУ.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, во неделата побара помош од 30 милиони евра од Европскиот фонд за азил, миграција и интеграција, пренесува „Франс Прес“, додавајќи дека помошта ќе биде испратена во наредните денови.

Грција, исто така, прима помош од тој фонд, која ја побара пред еден месец со цел за поефикасно прифаќање на мигрантите на границата со Турција.

Инаку, повеќе од 20 000 имигранти пристигнаа во Шпанија од почетокот на годинава.