Свет 26. септември 2020. / 22:13

Италијанско обвинителство: Осомничени се 237 шверцери на дрога од нив 117 Албанци

Италијанско обвинителство: Осомничени се 237 шверцери на дрога од нив 117 Албанци

Италијанското обвинителство ја заврши првичната истрага против обемна мрежа на шверцери на дрога од дури десет земји, а осомничени се дури 237 лица, меѓу нив 117 Албанци.

За време на „Операцијата Крабурун“, италијанската полиција откри како работи мрежата на шверцери на кокаин, хероин и марихуана, кои доставувале дрога во Италија од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија.

Лидери на оваа организација, според италијанските власти, се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците: Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокоџи и Арбен Веjико.

Сите 237 наводни шверцери на дрога се осомничени и за производство на супстанции што ги мешале со хероин пред да ги продадат.