Раководителот на италијанската Служба за цивилна заштита, Анџело Борели, претпоставува дека реалниот број на заболени со корона вирусот во државата не е 64.000, туку 10 пати повеќе, пишува „Ла Република“, пренесуваат агенциите.
-Соодносот меѓу еден потврден случај и 10 нерегистрирани случаи е потполно веројатен, изјави Борели.
Тој, исто така, не негира дека бројот на заразени во државата за неколку дена ќе го надмине бројот, што беше регистриран во Кина.
Од почетокот на епидемијата во Италија се заразени 64.000 лица, од кои малку над 6.000 се починати, а бројот на излекувани изнесува близу 7.500.