Италијанскиот премиер Џузепе Конте го критикуваше лицемерството на Франција и Германија , кои с екријат зад европска реторика , а ги штитат сопствените интереси.
Конте изјави дека Германија и Франција си ги штитат сопствените интереси од политиката кон мигрантите , преку индустријата се до меѓународната дипломатија , а од друга страна користат европска реторика , со која на другите земји им наметнуваат правила.
Италија веќе не е подготвена да глуми сиромашен роднина , додека најголемите европски нации се обидуваат да ја зајакнат својата моќ и влијание за сметка на вистинската европска интеграција “ , изјави Конте за весникот Кориера дела Сера.
,,Мислат само на сопствените национални интереси” , дополни Конте , кој рече дека најмногу му пречи потпишаниот германско – француски договор оваа недела во Ахен со кој на Германија и се дава поддршка за постојана членка во Советот за безбедност на ОН.
Тој рече дека според договворот од почетокот на 90 – тите постојано место во Советот треба да добие ЕУ како целина , а не Германија.