Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени дека поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста.
Треба да ги заштитиме принципите и столбовите на Европската унија каква ја знаеме со децении и да сфатиме дека без натамошна интеграција, ЕУ ризикува да не биде конкурентен и еластичен глобален играч – изјави Конте за италијански „Еурактив“.
Тој додаде дека има проблеми што бараат придонес на сите членки и дека оваа криза потврдува дека тие веќе не можат да се одложуваат во името на „минималистичкиот“ пристап кон Европа.
Конте се осврна и на иднината на Европа и го поддржа завршувањето на економската и монетарната унија инспирирана, како што рече, „со целосен баланс помеѓу одговорноста и солидарноста“.