Вирологот Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано тврди дека опасноста од пренесување на корона вирусот преку храна или амбалажа е многу мал.
Корона вирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот – вели Прелиаско.
Во однос на храната, тој истакнува дека амбалажата не носи поголеми ризици од останатите ситуации, чистењето мора да се изврши правилно и внимателно.
Сепак, не можеме се да дезинфицираме. Затоа правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста – порачува Прелиаско.