Свет 05. ноември 2020. / 19:25

Италијански научник проценува дека пандемијата ќе заврши оваа пролет

Италијански научник проценува дека пандемијата ќе заврши оваа пролет

Според италијанскиот научник и професор на Универзитетот во Неапол, Франческо Санино, пандемијата Ковид-19 ќе ослабе пред почетокот на пролетта 2021 година, односно ќе престане помеѓу месеците април и мај.

Тој предводи група научници и истражувачи кои претходно, користејќи математички метод, предвиделе дека нов бран на пандемијата ќе има меѓу октомври и ноември.

Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме владата да ги земе во предвид резултатите до кои дојдовме и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не беше случај“, рекол професорот Сонино за „Ил Фато Котидијано“.

Според новите проценки објавени во научното списание „Science Report“, во Италија може да има околу осум милиони луѓе заразени со коронавирус.

Професорот Сонино тврди дека сега сме само на почетокот на вториот бран на пандемијата на вирусот и дека ефективноста на мерките што се преземаат сега, ќе се покаже за само неколку недели.

Италија во изминатите 24 часа регистрирала 30.550 нови случаи на коронавирус, а починале 352 лица, соопшти вчера Министерството за здравство.