Неколкумина шефови на италијанската мафија со затворски казни од двоцифрен број години се пуштени од затвор и ќе бидат во домашен притвор поради епидемиојата на корона вирусот
Како ѓшто соопшти обвинителот одговорен за борба со мафијата и тероризам, Федерико Кафиеро де Рао, целта на властите во Италија е да се заштитат затворениците. Владата не гледа друг начин да ги заштити затворите од ширење на епидемијата, освен да пушти некои од затворениците, особено оние повозрасните.
Во домашен притвор се пуштени тројца членови на италијанската мафија, но на списокот со ослободени мафијаши веројатно се наоѓаат уште дваесетимина, објави Си Ен Ен.
Засега дома се испратени 78-годишниот влијателен член на Коза ностра, Франческо Бонура, 65-годишниот Винченцио Јанацо од кланот Ндрангета и еден од босовите на кланот Казалеси, Пасквале Загарија. Последниот отслужува 20-годишна затворска казна од 2007 година, Јанацо е осуден на 14 години затвор во 2018 година, додека Бонура е осуден на 23 години затвор пред само девет месеци.
Во италијанските затвори се наоѓаат 74 влијателни мафијаши кои се над 70-годишна возраст.