Свет 20. ноември 2018. / 10:59

Италијански функционери нападнати од хакери

Италијански функционери нападнати од хакери

Непознати хакери минатата недела упаднале во неколку стотици илјади електронски пошти, од кои некои припаѓале на италијански судии и безбедносни функционери, изјави денеска шефот на италијанската служба за кибер безбедност Роберто Балдони.

– Ова е најлош напад со кој се соочивме од јануари годинава и имаше сериозни последици, но ситуацијата е под контрола. – истакна тој.

Нападот се случил на 12 ноември, а хакерите украле податоци од околу 500.000 електронски пошти, вклучувајќи 9.000 судии и членови на безбедносни служби.

За сега не е јасно дали се хакирани и електронски пошти на министри и високи воени функционери.

– Единствено што знаеме засега е дека нападот не е извршен од територија на Италија. Тоа беше сериозен напад, иако првично не изгледаше така. – рече Балдони.