Италијанската влада ќе побара гласање на доверба во горниот дом на Сенатот поради новиот закон за безбедност, кој предизвика тензии помеѓу владините коалициски партнери Лига и 5-Стар движењето, велат владини извори.
Сè уште не е познато кога би се одржало гласањето. Доколку владата ја изгуби довербата при гласањето, таа ќе биде принудена да се повлече, а одлуката за ова гласање е со цел да се спречи секакво спротивставување, како и да се забрза процесот на донесување на законот во парламентот.