Свет 26. март 2020. / 21:34

Италијанската полиција уапси двајца мажи за кражба на над 8000 маски за лице

Италијанската полиција уапси двајца мажи за кражба на над 8000 маски за лице

Италијанската полиција уапси двајца мажи во Бриндизи под сомнение дека украле 8.000 маски за лице за време на карантинот со Ковид-19. Браќата, на возраст од 23 и 30 години, се задржани под обвинение за грабеж и напад на кинески дуќанџија.

Тие се обвинети дека му понудиле на човекот, кој поседувал редовна продавница за производи за домаќинство, да им продаде маски за еднократна употреба во вредност од 8 000 евра, велат од полицијата.

Но, кога пристигнале маските, наместо да ги платат, браќата со нож му се заканиле на трговецот и почнале да го удираат со тупаници.

Се верува дека украле 8.100 маски за лице. Полицијата ги уапсила и против нив ќе биде покренато обвинение.