Полицијата на Италија и агенти на ФБИ растурија мафијашки клан од областа Палермо поврзан со криминалното семејство Гамбино, со седиште во САД.
Полицијата соопшти дека околу 200 полицајци, меѓу кои и агенти на ФБИ, денеска се пуштиле во акција на Сицилија и во њујоршката област, при што уапсиле 18 осомничени во Италија и еден во САД.
Шефот на полицијата на Палермо, Ренато Кортезе, изјави за новинарите дека членовите на сицилискиот криминален клан Пасо ди Ригано се населиле во САД во 1980-тите, откако преживеале ривалска војна со криминалниот клан Корлеоне, кој го победил криминалното семејство Инзерилјо во областа Палермо.
Некои преживеани наводно се вратиле во Италија по слабеењето на долго време доминантното семејство Корлеоне.
Салваторе „Тото“ Риина, водач на кланот Корлеоне, почина во италијански затвор во 2017 година.