Сицилијанската мафија ја оштети Европската унија за над 10 милиони евра земјоделска помош, тврдат италијанските власти, а припадници на карабинерите и финансиската полиција рано утрово ширум Сицилија спровеле 94 налози за апсење.
Вработени и нотари на локалната јавна администрација се уапсени во близина на Месина под сомнение дека работат за мафијата.
Осомничените беа уапсени како дел од истрагата за да се утврди дали тие се членови на мафијата или само и помагаат, како и поради обвиненија за изнуда и измама на јавните фондови.
Државниот обвинител з аборб против мафијата, Федерико Кафијеро де Рахо изјави дека како дел од измамата кон ЕУ се пријавени илјадници хектари, пренесе АП.
Пријавените парцели земјиште од наводната измама се наоѓаат во јавниот парк Неброд, ридско подрачје полно со пасишта.
Во последниве години, земјоделците, кои одбија да бидат вклучени во измама, објавија дека добиваат закани од Коза ностра.