Свет 11. мај 2020. / 21:00

Италијанците ќе добијат до 500 евра од државата за купен нов велосипед

Италијанците ќе добијат до 500 евра од државата за купен нов велосипед

Италијанската Влада ќе понуди субвенционирање на 70 проценти или до 500 евра за набавка на нов велосипед или електричен скутер.

Министерката за транспорт, Паола де Микели, изјави дека мерката ќе биде дел од претстојниот пакет економски стимул од 55 милијарди евра за италијанската економија погодена од корона вирусот.

Субвенцијата ќе се однесува на жителите на поголемите градови со население од најмалку 50.000 луѓе и има за цел да го поттикне елоколошкото движење по ограничувањата наметнати од епидемијата.

Според Де Микели поради барањето за социјална оддалеченост, многу помалку луѓе ќе можат да користат автобуси и трамваи и ќе бидат принудени да бараат алтернативни начини за движење низ градовите како што е возењето велосипед.

Владата планира и промени што ќе им олеснат на локалните власти да градат ленти за возење велосипеди.