Шеснаесетгодишна тинејџерка во Италија била дрогирана, силувана и убиена од банда Африканци и Арапи, тврди наводен- сведок, а крајно левичарските демонстранти потоа го спречиле министерот за внатрешни работи на Италија да го посети местото на злосторството за да ѝ оддаде почит на жртвата.
Телото на тинејџерката, идентификувана како Дезире Мариотини, било откриено на напуштено градилиште во областа Сан Лоренцо во главниот град на Италија на 19-ти октомври, пренесува „Ил џорнале“.
Инспекторите првично мислеле тинејџерката починала од предозирање со дрога бидејќи областа во која е пронајдено нејзиното тело е познато како дувло на бездомници и зависници од дрога и бидејќи откриле дрога во нејзиниот систем.
Новите наводи и сведочења опишуваат сосем поинакво сценарио. Полицијата сега верува дека тинејџерката била силувана од повеќе луѓе пред нејзината смрт за што има потврда од еден мигрант од Сенегал кој тврди дека бил сведок на наводното убиство. Неименуваниот мигрант, кој пристигнал таму кратко време пред смртта на Дезире, вели:
„Пристигнав таму околу полноќ и имаше жена која врескаше. Гледав во жената, но имаше уште една девојка во креветот: ѝ ја покрија главата со ќебе, но можеше да се види. Не знам дали дишеше. Изгледаше дека веќе е мртва, бидејќи другата жена врескаше дека девојката е мртва.“
„Имаше Африканци и Арапи, шест или седум луѓе. Имаше уште една девојка која зборуваше ромски. Таа врескаше дека ја силувале, а потоа зема некаква дрога бидејќи таа таму продава дрога“ додаде тој и тврдеше дека тинејџерка била дрогирана пред силувањето.
Убиството предизвика бес низ Италија. Популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, се обиде да ја посети областа, но беше спречен од екстремно левичарските демонстранти.
„Имам бела роза во автомобилот што сакав да ја донесам да не беа овие идиоти”, рече Салвини и додаде дека следниот пат ќе се врати со булдожер.