Свет 03. февруари 2021. / 12:46

Италија: Со ова темпо на вакцинирање, колективен имунитет ќе се постигне дури во 2023

Италија: Со ова темпо на вакцинирање, колективен имунитет ќе се постигне дури во 2023

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, ги свика регионалните власти за да разговараат за новиот план за вакцинација против Ковид-19, откако производителите на вакцини „Фајзер“ и „Астра Зенека“, единствените што се користат во Италија, ја намалија испораката на договорените количини на лекот, јавија италијански медиуми.

Според првичниот план, производителите требаше да и достават на Италија околу половина милион дози вакцини неделно, но по првите испораки, испораката беше драстично намалена.

Досега во Италија се вакцинирани два милиона и 121.000 лица, од кои речиси 800.000 ја примиле втората доза.

Фондацијата Хумана, што ги следи и анализира епидемиолошките податоци, пресмета дека, доколку вакцинацијата против Ковид-19 во Италија продолжи со сегашното темпо, колективен имунитет може да се постигне дури во септември 2023 година.