Свет 26. мај 2020. / 11:47

Италија преговара со ЕУ за отворање на европскиот туризам на 15 јуни

Италија преговара со ЕУ за отворање на европскиот туризам на 15 јуни

Италијанската Влада преговара со земјите на Европската унија за рестартирање на европскиот туризам на 15 јуни и за отфрлање на таканаречените туристички коридори кои ја исклучуваат можноста за запирање во одредени земји, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

– Тоа, на некој начин, ќе биде европски Д ден. Германија настојува да ги отвори своите граници на 15 јуни и ги советува граѓаните да одат на одмор во други земји во Европа, со Австрија работиме на тоа, а преговараме и со другите земји на ЕУ, изјави Ди Мајо за Раи1.

Италијанскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека Италијанците ќе можат да летуваат во цела Италија, но истакна дека се потребни и странски туристи, особено „Германците, кои претставуваат многу важен дел“.

Италија претходно објави дека ќе ги отвори своите граници за државјани на ЕУ и Шенген зоната на 3 јуни.