Италијанските здравствени власти во четвртокот објавија дека бројот на корона вирусни инфекции продолжи да се искачува. Регистрирани се 4.204 новозаразени во последните 24 часа, со што вкупниот број изнесува 143.626 лица, што е скок од повеќе од 3% од средата.
Во исто време, бројот на смртните случаи исто така се зголеми од вчера за 610 лица и сега изнесува вкупно 18.207 починати како последица на корона вирусот.
Италија веќе трет ден по ред регистрира зголемување на бројот на инфицирани. Во меѓувреме, статистиката покажа дека повеќе од 100 лекари го загубија животот поради вирусот.