Италијанската Влада повика за меѓународна поддршка во напорите за спречување на ширењето на инфекцијата со корона вирусот во државата, каде што бројот на заразени достигна 477, а бројот на починати од петокот досега се искачи на 12.
Инфицираните лица кои дошле од Италија, ја пренеле болеста во неколку земји во Европа, па дури и во Бразил, која стана првата земја од Јужна Америка каде го има вирусот. Владата на Џузепе Конте ги повика своите европски соседи на соработка и помош, а не да ја ставаат земјата во изолација и дискриминација.
– Вирусите не знаат за граници и тие не ги запираат – изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца. на почетокот на кризната средба во Рим со претставници на Светската здравствена организација и Европската унија.
Кабинетот на Конте го бранеше начинот на кој се реагира во вонредната ситуација во државата, но ја потврди нејзината немоќ да го открие потеклото на двете жаришта на зараза во северните провинции Ломбардија и Венето.