Италијанскиот премиер Џузепе Конте, најави дека државата ќе обезбеди дополнителни 25 милијарди евра за помош на економијата да се справи со последиците од епидемијата на корона вирусот.
Конте, сепак, е на став дека дури и новиот пакет мерки нема да биде доволен и оти треба да се пронајдат нови средства.
Во Италија досега починаа речиси 2.000 лица од корона вирусот. Од друга страна, Италија е земја-членка на Европска Унија со голем јавен долг. Европска комисија повеќе пати ја критикуваше Италија поради дефицитот.