Свет 04. април 2020. / 17:30

Италија одобри употреба на брзи молекуларни тестови за Ковид-19

Италија одобри употреба на брзи молекуларни тестови за Ковид-19

Италијанското министерство за здравство вчера даде зелено светло за употреба на брзи молекуларни тестови, односно брзи брисеви врз основа на откривање на вирусни гени во дишните секрети.

Според најавите, Италија најверојатно многу брзо ќе почне со тестирање на граѓаните за да се утврди кој има развиено антитела и кој го има прележано вирусот. Врз основа на резултатите се планира да се издава документ што секое лице ќе треба да го носи со себе.

Тоа би требало да биде чекор кон враќање во „нормалниот“ живот по 13 април до кога се продлжени најригорозните мерки во слободата на движење до сега.