Иако во Кина има најголем број потврдени случаи, Италија е земјата којашто во моментов е назагрозена од епидемијата на корона вирусот. Само во последните 24 часа во земјата починале 196 луѓе, со што вкупната бројка на починати се искачи на 827. Бројот на заразени, пак, надминува 12.462.
Поради ваквата лоша состојба, премиерот Антонио Конте соопшти дека е донесена одлука за спречување на директен контанкт на луѓето, односно затворање на сите активности, малопродажба, продавници, барови, пабови, ресторани, фризерски салони, центри за убавина … Од оваа мерка се исклучени само аптеките и останатите продавницио за лекрства, како фабриките што ќе гарантираат зголемени здравствени мерки, а се гарантира работата и на неопходните јавни служби (банки, полиција, поштра), како и земјоделскиот сектор и системот за дотур на храна.
Движењето на граѓаните се ограничува само за задоволување на најосновните и најнеопходните потреби, како што се набавката на храна и лекови.
Над 2.000 заразени има во Шпанија од кои 47 починаа, 2.281 има во Франција од кои 48 смртни случаи. Големо зголемување на заразени за само еден ден забележа и Велика Британија, таму до сега има 456 потврдени случаи а загрижувачки се бројките и од Германија, 1.296 заразени и три смртни случаи. СЗО изразувајќи се поголема загриженост заради големиот број нови случаи на глобално ниво, прогласи пандемија.
– Изминативе две недели бројот на случаи на Ковид 19 надвор од Кина за зголеми за 13 пати а бројот на зафатените држави за три пати. Сега има над 118.000 случаи во 114 држави и 4.291 лице го загубија животот – изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Бугарија и Албанија ги забележаа првите смртни случаи на заболени со Ковид 19. И во двата случаи станува збор за повозрасни жени кои имале претходни хронични болести. Ширењето на болеста продолжува на Балканот иако не толку интензивно како во Европа. Најмногу заболени има во Грција, речиси 100, потоа следува Словенија со 57, Хрватска со 19, Србија 18, Албанија 12, во Македонија има девет, а во Бугарија седум.
Надвор од Европа која брзо се претвора во најкритичното жариште на Ковид 19, сериозна е ситуацијата во Иран. Оттаму стигна информација дека уште еден владин службеник и втор потпретседател Ешак Џахангири е позитивен на вирусот. Во земјата веќе има над 9.000 потврдени случаи а бројот на починати денеска се искачи на 354.
Се зголемува бројот на случаи и во САД, каде има повеќе од 1.109 болни од Ковид-19 , што е речиси двојно повеќе од претходниот ден а починале најмалку 31. Заразени има во 38 сојузни држави а 19 од нив веќе прогласија вонредна состојба. Едно од критичните места е градчето Њу Рочел, северно од Њу Јорк, кој ќе биде ставен под карантин и американската армија ќе им носи храна на луѓето кои се изолирани во своите домови. Гувернерот на Њујорк предупреди дека најлошото допрва претстои.
– Овие бројки ќе се зголемуваат драматично. Колку повеќе тестови правиме, толку повеќе бројот ќе се зголемува. Овие броеви не отсликуваат ничие верување за тоа колкав процент од населението е заразено – порача гувернерот Ендру Куомо.
Кина од каде што вирусот почна да се шири се уште го има најголемиот број случаи, 80.754 од кои 3.136 починаа, но денеска беше забележан најнискиот број на ново заразени, само 19. Овие податоци ги прават Италија и Иран најпогодените земји во моментов, но здравствените експерти предупредуваат дека за брзо време повеќе земји ќе бидат во истата ситуација.