Свет 13. декември 2020. / 12:39

Италија на врвот на Европа по број на смртни случаи од коронавирусот

Италија на врвот на Европа по број на смртни случаи од коронавирусот

Италија е на првото место во Европа според бројот на жртви на Ковид -19, и со вкупно 64.036 смртни случаи ја надмина Англија, која досега го држеше тој неславен примат, јави агенцијата Анса.

Во последните 24 часа, вкупниот број на новозаразени е речиси 20 илјади, а 649 заразени лица починале.

Во моментов во земјата активни се 684,848 случаи, од кои 3.200 се во тешка здравствена состојба.