Свет 24. септември 2020. / 13:01

Италија ќе воведе „црвени зони“ поради порастот на случаи со Ковид -19

Италија ќе воведе „црвени зони“ поради порастот на случаи со Ковид -19

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека владата не предвидува воведување нов карантин на територија на цела држава, како што беше случај за време на екот на пандемијата, но можно е да се воведат „црвени зони“ онаму каде што е потребно.

Нешто слично веќе воведоа властите на Џенова, со обврска да се носат заштитни маски во текот на целиот ден, без оглед на физичката оддалеченост. Новата мерка на локалните власти ќе биде во сила сѐ додека не се подобри епидемиолошката состојба.

Мерката следува откако во стариот дел на градот се регистрирани 63 нови случаи на ковид-19 за само еден ден, од кои половина се странски државјани.

Се покажа дека носењето заштитни маски обезбедува значителна заштита. Очекуваме соработка на сите граѓани – рече градоначалникот на Џенова, Марко Бучи.

На почетокот на пандемијата Италија беше најтешко погодена европска земја, поради што со месеци во сила беше карантин на целата територија на земјата. Италија и сега има едни од најстрогите мерки за влез во државата.

Според последната статистика, во државата има 302 537 досега заразени со ковид, од кои 35 758 починале.