Свет 20. јануари 2021. / 13:34

Италија ќе го тужи „Фајзер“ поради доцнење на вакцините

Италија ќе го тужи „Фајзер“ поради доцнење на вакцините

Италијанската влада размислува да преземе правни мерки против американската комапнија „Фајзер“ поради доцнење во испораката на вакцините против корона вирусот.

-За заштита на здравјето на италијанските граѓани не може да се преговара – истакна шефот на италијанскиот кризен штаб Доменико Аркури.

Тој додаде дека поради доцнењето на вакцините, не може да се заврши кампањата за вакцинација, а камоли распределувањето на вторите дози за многу Италијанци кои веќе ја примиле првата доза на вакцината.

„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ неочекувано објавија дека нема да можат да ја обезбедат количината на вакцини за кои се обврзале, што предизвика гнев кај европските земји, кои веќе се наоѓаат под удар на критики од јавноста поради бавноста на кампањата за вакцинација.

Компаниите во меѓувреме објавија дека имаат „план“ да го ограничат одложувањето на испораките на вакцините на една недела.

Сепак, Аркури изјави дека од „Фајзер“ го известиле дека ќе има дополнително одложување на испораката на вакцините.